Екс градоначалникот на Охрид Александар Петрески, денеска е ослободен од притвор со кауција. Информацијата за OhridNews ја потврдија извори од опозицијата.
По четири месеци поминати во притвор во скопскиот истражен затвор, Петрески понудил кауција во вид на хипотека на недвижнини за да се брани од слобода. Тој беше приведен во полициската акција „Јагула“, а мерката притвор му беше продолжувана четири пати.
Петрески се товари за финансиски малверзации со кои, според истражните органи, стекнал противправна имотна корист преку јавни набавки и градежни активности. За истото дело притвор добија и неколкумина негови соработници од локалната администрација, а дел од нив во меѓувреме, исто така, беа ослободени по приложена кауција.
OhridNews