Поранешниот градоначалник на Лондон Кен Ливингстон соопштил дека во септември ќе се венча со својата долгогодишна придружничка, и дека церемонијата ќе се одржи во лондонската зоолошка градина. Политичарот од редовите на лабористите ќе се ожени со Ема Бил со која има две деца.


Церемонијата ќе биде одржана во делот на зоолошката градина каде што се сместени кенгурите и птиците ему. Поранешниот градоначалник предупредил дека горилите ќе бидат задолжени за исфрлање на несаканите личности кои ги нема на списокот на повикани гости.