Тројцата се товарат дека му нанеле штета на АД ЕМО во вкупна висина од 49.762.288 денари или 816.000 евра.
Во периодот од 4.11. 2005 година до 22.01 2006 година прво и второпријавениот, искористувајќи ја службената положба и овластувања, склучиле штетен договор со италијанската фирма “Контрафо“, за продажба на трансформатори – со цени пониски од пазарните цени на чинење и други трошоци, со што го оштетиле АД ЕМО за 379.161 евра.
Второпријавениот, дополнително на ова, иако цените биле економски штетни и не била обезбедена банкарска гаранција за наплата, неовластено со свој потпис ги заверувал фактурите со кои се одобрила испораката на производите.
Според МВР, на 3.10. 2005 година поранешниот генерален директор, иако АД ЕМО со фирмата “Контрафо“цела година имале деловен однос, сепак склучил протокол за посредничка провизија со фирмата “Метком Холдинг“ од САД во износ од 3,5 проценти од вредноста на подоцна склучениот договор со “Контрафо“. Но фирмата “Метком“ немала никакви посреднички активности, ниту маркетинг и комерцијално работење, поранешниот помошник генерален директор за финасии. со свој потпис во два наврати дал налог за книжење и исиплата на фактури за посредничка провизија во вкупен износ од 140.300 американски долари, а фактурите биле одобрени и од тогачниот генерален директор.
Покрај овие дејствија, поранешниот генерален директор на 6.02.2006 година самоиницијативно и без одлука на одборот на директори со АД “ЕСМ“ склучил вонсудска спогодба за отпис на побарувања по основ на камати во правосилна завршена и извршна постапка во износ од 19.894.636 денари, иако должникот бил способен за плаќање и побарувањето имало услови во целост да се наплати.