Со одлука на истражен судија вчера вечер поранешниот директор на АД ЕМО Охрид, Љубе Ставрески, е ослободен од притвор. Тој беше притворен во четвртокот, а МВР објави дека нему му е одредена мерка притвор во времетраење до 30 дена.
МВР го сомничи Ставрески дека сторил кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластувања“ и “фалсификување или уништување деловни книги“. Кривични пријави за истото дело заработија и Красимир Василески – поранешен помошник генерален директор за производство во АД ЕМО; и Крсте Стојаноски – поранешен помошник генерален директор за финасии во АД ЕМО.
Тројцата се товарат дека му нанеле штета на АД ЕМО во вкупна висина од 49.762.288 денари или 816.000 евра.
ohridnews