Поранешните играчи на Ракометниот клуб Охрид, Елдин Вражалица и Малик Хогас, кои заедно настапуваат во грчкиот АЕК ќе се борат за трофејот со романската Потаис Турде во ЕХФ Челенџ купот.

Управата на грчкиот клуб за реваншот во финалето кој ќе се одигра na 19/20 мај во Атина во употреба ќе ја пушти легендарната „Никос Галис“ арена која собира 19 250 гледачи. Првиот натпревар во финалето ќе се одигра 12/13 во Романија.

Вражалица и Хогас една сезона го носеа дресот охридскиот дрес и активно учествуваа во успесите на клубот во Супер лигата и Купот на Македонија.

OhridNews