Во еден момент 27-годишниот перуанец среќно седел во големата сала со уште 17 парови и пред телевизиските камери во гратчето Мирафлорес и изјавувал љубов на својата идна сопруга. Во следниот момент две братучетки на неговата поранешна партнерка влегле во салата, дотрчале до него и започнале да го тепаат по главата и телото.


На крајот го извадиле надвор, на паркингот, каде им се придружила и неговата поранешна. Тој изјавил дека бил нападнат од неговата поранешна љубовница, но нејзиното семејство тврди дека му била сопруга. Полицијата не го објавила нејзиното име, како ни неговиот брачен статус.