Поранешната сопруга на Тајгер Вудс, Елин Нордегрен има ново момче. Станува збор за Џејми Дингман, син на познатиот инвеститор и милионер Мајкл Дингман. Откако Тајгер ја изневерил со 14 љубовници, Елин се развела од познатиот спортист и подолго време била сама, но сега во нејзиниот живот се појавил нов човек.


Извор близок на поранешната сопруга на Тајгер открил за медиумите дека таа е вљубена во синот на милионерот Мајкл Дингман, Џејми, и додал дека таа никогаш не била толку среќна. Изворот додал дека тој бил вистински џентлмен без оглед на тоа од кое семејство доаѓал, и никогаш не завршил по весниците бидејќи својот интимен живот сакал да го задржи подалеку од очите на јавноста.