Поранешната сопруга на Тајгер Вудс, Елин Нордегрен, планира да се омажи за Џејми Дингман, син на познатиот инвеститор и милионер Мајкл Дингман. Откако Тајгер ја изневерил со 14 љубовници, Елин се развела од познатиот спортист и подолго време била сама, но, како што пренесуваат американските медиуми, сега повторно се спрема да заплови во брачните води.
Тајгер Вудс бил прилично изнервиран од овие информации, а наводно и побеснил која слушнал дека неговиот двегодишен син Чарли го обожава Џејми. Извор близок на познатиот голфер изјавил како Тајгер отсекогаш имал надеж дека еден ден ќе се смири со Елин, но сега се чини станал свесен дека дефинитивно ја изгубил битката, и дека друг човек ќе биде покрај неговите деца.