Елин Нордегрен, поранешната сопруга на Тајгер Вудс, купила куќа и имот на Флорида, за кои издвоила дуро 8,7 милиони евра. Куќата се наоѓа само 16 километри подалеку од новиот дом на Тајгер. Голферот кој е познат по своето промискуитетно однесување, неодамна се вселил во куќа на Флорида која ја платил повеќе од 43 милиони евра.


Ако се земе предвид дека Елин по разводот добила оштета од речиси 72 милиони евра, цифрата која ја издвоила за куќата и не изгледа толку голема. Иако својот нов дом го платила доста помалку од поранешниот сопруг, нејзината куќа е двојно поголема.