Разводот на славниот актер Мел Гибсон конечно е разрешен. Од разводот најмногу профитираше неговата сега поранешна сопруга Робин Гибсон, која доби неверојатни $425 милиони долари.

Мел и Робин кои беа во брак скоро 30 години, се запознале кога Мел Гибсон бил млад и неискусен актер, а Робин била забен техничар па заедно одлучиле да не прават предбрачен договор. 
Одлуката околу предбрачниот договор можеби била погрешна за актерот кој во разводот изгуби половина од целиот свој имот кој беше проценeт на $850 милиони долари.