Поранешната сопруга на актерот Чарли Шин, Брук Милер, повторно отишла на одвикнување од алкохол и кокаин. Таа неодамна издрогирана го посетила поранешниот сопруг, и кога Чарли видел во каква состојба е сакал да повика полиција. Иако Милер требало да оди во затвор минатата година, пред судот ветила дека за возврат ќе апстинира една година.

Кога се појавила на вратата на Чарли, тој доживеал шок и сакал да повика полиција. Сепак, Милер успеала да го спречи во тоа и му ветила дека сама ќе оди на одвикнување. тоа и го сторила неколку дена подоцна. Таа често влегувала во проблеми поради дрогата и алкохолот. Минатата година завршила на рехабилитација поради поседување на кокаин и напад во Аспен.