Актерката Робин Врајт, поранешната сопруга на Шон Пен која има 47 години, спремна е повторно да прошета до олтарот и тоа со 15 години помладото момче Бен Фостер. Нив двајца медиумите ги поврзуваат уште од 2012 година, а официјално почнале да се забавуваат откако Робин се развела од Шон Пен.
Извор близок на актерката рекол дека Робин била многу возбудена поради веридбата и едвај го чекала големиот ден. Доколку дојде до брак, тоа за актерката ќе биде трет пат да стапне на „лудиот камен“. Освен за Шон била омажена и за Дејн Витерспун во 1986 година.