Откако пред пет години и припадна старателството над ќерката Луција, која ја има со актерот Мел Гибсон, пијанистката Оксана Григоријева сака повторно на суд, на кој ќе бара алиментацијата да и се зголеми на 100 илјади долари месечно. Како причина за тоа ја навела сигурноста на детето, но и патувањата на Луција кај својот татко. Како што пренесуваат странските медиуми, Оскана неодамна прогласи банкрот.

 

Поранешната на Мел Гибсон прима и месечна алиментација за својот син Александар, од неговиот татко Тимоти Далтон. Мел и Оксана се разделија пред пет години. Ја претепал бидејќи се сомневал дека го изневерува. Во јавноста се појавија и телефонски разговори во кои Мел и се заканува дека ќе ја убие и во кои и вели дека ги заслужила сите удари кои ги доби.