Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведуваат, а од Холивуд пристигна вест дека актерката се гледа со поранешното момче, колегата Мајкл Вартан и дека тој е виновен за нивниот развод. Имено, до скоро складниот холивудски пар не живее заедно со месеци и моментално се договараат околу старателството над децата.

 

Наводно за крахот е виновна и страста на Афлек кон коцкањето. Џенифер се преселила и неодамна била видена со Мајкл, со кој била во врска пред бракот со Бен. Тие двајца почнаа да се забавуваат за време на снимањето на серијата „Алиас“ и наводно актерот никогаш не ја преболел. Мајкл во меѓувреме се ожени, но минатата година и се разведе. Дали е ова обновување на старата љубов, ќе покаже времето.