По бурното раскинување со контраверзниот актер, Оксана Григориева одлучила да побара целосно старателство над нивната ќерка, бидејќи според неа, Мел не се грижел доволно за неа. Се почнало од тоа кога Оксана слушнала дека актерот ја оставил нивната ќерка Луција на чување на дадилка, а тој отпатувал во Аризона каде доживеал сообраќајна несреќа.
Руската пијанистка и пејачка многу се вознемирила кога дознала дека Луција во Малибу наместо од таткото била чувана од дадилка. Таа кренала паника кога на интернет ја прочитала веста дека Мел доживеал сообраќајна несреќа, бидејќи мислела дека Луција е со него во автомобилот. Тогаш заклучила дека не може да има доверба во Мел и дека тој е потполно неспособен да се грижи за детето. Тоа било доволна причина да започне постапка, а веќе наредната седмица поранешниот пар ќе се најде пред суд.