Жена била пронајдена мртва во стан на улица „Сирма Војвода“ во Охрид. Полицијата го истражува случајот.

Вечерва пронајдено е безживотно женско тело во стан во Охрид. Во моментов се врши увид на местото на настанот. – изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Неофицијално се работи за поранешна полициска службеничка вработена во СВР Охрид. Работниот однос и бил прекинат пред околу 4 години.

Што точно се случило и како настанала смртта кај поранешната припадничка на полицијата, засега не се знае. Одговор на сите овие прашања треба да даде истрагата која е во тек.

Г.М.