Кендра Вилкинсон (24), поранешна љубовница на сопственикот на Плејбој Хју Хефнер, наскоро ќе започне да ги пишува своите мемоари. Младата Американка изјавила дека ќе ги открие сите пикантерии од познатата вила на Плејбој.
Книгата би требало да излезе наредното лето. Кендра вели дека се чувствува како најсреќната девојка на светот. Има сопруг, дете на пат и наскоро ќе ги објави своите мемоари.