Поранешен затвореник мие прозорци на новата резиденција на принцот Чарлс во Велс, а е вработен без никаква претходна проверка.
Метју Бел (35) отслужил две затворски казни, 9 месеци за кражба и 21 ден за неплаќање сообраќајна казна.
Бел кој од почетокот на годинава има свое претпријатие за чистење, два дена ги миел прозорците на новата резиденција пред доаѓањето на принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, при што за извршената работа добил 1500 евра. The mirror пишува дека кралското семејство планира да го ангажира секој месец.
„Не одам на работа размислувајќи колку можам да добијам за украден телевизор. Тој дел од животот е зад мене“-вели Бел. „Принцот Чарлс вели дека на престапниците треба да им се даде втора шанса. Сега втората шанса ми ја дава токму мене“. Портпаролот на принцот вели дека Бел е вработен по препорака и дека е под „постојан надзор“.