Пораншен телохранител на Бритни Спирс планирал да објави книга за бројните оргии за време на турнеите на популарната пејачка. Фернандо Флорес тврдел дека за милион долари ќе објави книга во која ќе ги открие сите детали за сексуалните активности на поп пејачката, а тврдел дека станува збор за оргии со пратечката група.

Тој изјавил дека Бритни Спирс има огромен сексуален апетит и дека своевремено на турнеите имала секс во тројка како и секс со жени, а тоа обожавала да го прави во Џакузи. Инаку, овој поранешен телохранител минатата година ја тужел пејачката за сексуално вознемирување.