Пензионираниот кинески рудар Чен Ксиниан одлучил сам да си ископа дупка во земјата под својата куќа и да си изгради стан. На проектот работи веќе со месеци, а секој ден околу пет часа поминува под земја. Досега изградил еднособен стан од 50 квадртати. Неговите ќерки често се карале која од нив ќе спие во станот.


Станот е шест метри под земја, а може да издржи земјотрес до осум степени според рихтеровата скала. Тој изјавил дека становите кои се продаваат во близина се многу скапи и дека не може да си дозволи да купи еден од нив. Неговата сопруга се противела на градењето на станот, а тој на почетокот тоа го правел без нејзино знаење. Го променила мислењето откако видела дека станот е многу убав.