Пријавениот Љ.Т. на 17-ти ноември оваа година, со автоматска пушка и со употреба на сила и закана врз лицето К.П. – вработен во бензиската станица на ,,Макпетрол,, на улицата ,,15 корпус,, противправно одзел 14.820 денари кои биле во неговата работната торбица.
Во бензиската станица, тој влегол маскиран со темно сива капа-фантомка и маскирни пантолони. Притоа, со вперена пушка кон вработениот, упатувајки му заканителни зборови, со цевката од пушката го удрил во пределот на надлактицата и од него побарал парите да ги стави во црна најлонска кеса. Ж.М. кој помогнувал во извршувањето на кривичното дело, во својот дом ја сокрил автоматската пушка со која било извршено кривичното дело.
Инаку, пријавениот Љ.Т. е поранешен вработен во СВР Охрид на кој, поради кршење на работната дисциплина во месец август 2009 година му престана работниот однос, информираат од МВР.
извор: МВР