Поранешниот менаџер на Мајкрософт Џејмен Шивели планира да отвори ланец кафулиња, по угледот на Старбакс, само што во понудата наместо кафе би имало марихуана. Шивели се обидувал да собере 10 милиони долари и да инвестира во ланец кој би требало со тек на време да прерасне во меѓународна компанија. Проблемот бил во тоа што во Вашингтон, местото каде живее Шивели, сеуште не е дозволено отварање на такви кафулиња.


Се огласиле и активистите за легализација на марихуаната, кои стравуваат дека таквата идеја на Шивели, мотивирана исклучиво од економски причини, би можела само да му нанесе штета на движењето за легализација на марихуаната. Тие тврдат дека таквиот пристап би можел негативно да се одрази во целата држава. Правниците тврдат дека Шивели исто така би можел да има проблеми со сојузните закони доколку се обиде да направи бизнис со одгледувачите на марихуана, кои таа билка легално ја произведуваат за медицински цели.