Маркус, поранешен маринец, е првото жиголо кое овој викен почна легално д заработува во јавната куќа Шејди Лејди во американската држава Невада. Бил запослен од Мадам Боби Дејвис бидејќи пораснала побарувачката за машки проститутки. Го избрала Маркус помеѓу десетте кандидати кои се пријавиле на конкурсот. Момчето вели дека не се плаши од големата популарност.


Своите услуги ги наплаќа по околу 2000 долари на час, но не сака да прима машки клиенти. Од конкурентната куќа Ејнџелс Лејди коментирале дека не е добро во иста јавна куќа да има и машки и женски проститутки о додале дека Шејди Лејди ќе има доста успех на почетокот, но и дека работата драстично ќе им опадне за краток временски период.