Авганистанец кој своевремено киднапирал авион работи како чистач во канцелариите на британската авионска компанија Бритиш Ервејс во лондонскиот авион Хитроу.

Авганистанецот заедно со неколку соучесници пред осум години киднапирал авион со 160 патници кој летал на домашната линија во Авганистан и го присилил екипажот да слета во лондонскиот аеродром Стенстед.

По киднапирањето, ја отслужил својата затворска казна и потоа останал да живее во В.Британија каде добил дозвола за престој.


Бритиш Ервејс потврдил дека дотичната особа е вработена во компанијата за чистење на просториите и работи во канцелариите на авионската компанија на Хитроу.

Меѓутоа, поранешниот киднапер не работи во сигурносната зона во аеродромот, туку во згради оддалечени 1.5 километри.

Полицијата го открила поранешниот киднапер при рутинска контрола на паркингот од аеродромот, откако се посомневала дека се работи за илегален таксист.