Поранешниот јапонски премиер Јуничиро Коизуми (67) ќе го позајми гласот на познат цртан супер јунак Ултрамен Кинг. Овој цртан јунак веќе десетици години е популарен во Јапонија. Се бори со чудовишта и вонземјани. Коизуми бил премиер од 2001 до 2006 година. Тој е еден од најпознатите јапонски политичари. Пред неколку седмици ја напуштил политиката и отишол во пензија.


– Разгледавме многу луѓе за главната улога. Но заклучивме дека единствената особа која навистина може целосно да одговара е господин Коизуми-изјавил портпаролот на копманијата која работи на новиот цртан филм. Премиерот изјавил дека неговиот син Шињиро го наговорил да ја прифати улогата.