Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Криштоф Мецелдер делумно признал вина на судењето против него во кое тој е обвинет за поседување детска порнографија, пишува „Дер Шпигел“.

Екс-фудбалерот на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Шалке 04 се товари дека поседува 297 датотеки со детска порнографија на „WhatsApp“.

Денеска во судот во Диселдорф рекол дека прифаќа казна, а од жртвите на сексуалното насилство барал да му простат. Признал дека поседува од спорните датотеки, но не 297, туку „само“ 18.

Утре продолжува судењето на кое ќе се презентираат нови докази, по што ќе биде соопштена пресудата.

Го пријавила поранешната девојка, таа на полицијата и испратила 15 фотографии и видеа со спорната содржина.

Со професионалниот фудбал заврши пред 5 години.

OhridNews