Педесетина деца згрижени во национални установи од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија денеска по реката Црн Дрим испратија порака за мир до светот. На тој начин тие ја поддржаа кандидатурата на познатиот македонски уметник Живко Поповски – Цветин, за Нобелова награда за мир што ја доделуваат Обединетите нации. Тој досега добил поддршка од  педесетина институции, универзитетски професори и  истакнати личности.


пораката за мир заплови по Дрим

Кандидатурата за Нобелова награда за мир ја истакнува секоја држава пооделно во месец септември, до кога Поповски планира  да обезбеди уште поголема поддршка за својата кандидатура.


Живко Попоски – Цветин секоја година на поетите на Струшките вечери и уметниците кои настапуваат на Скопско и Охридско лето им подарува слики со цвеќе како универзална порака за мир. Тој од 1985 година наваму има испратено преку 30.000 цртежи со цвеќе на мирот до светските лидери, државници и уметници и има направено преку 300 изложби посветени на таа тема. Познатиот уметник и заложник за мир  во реката Црн Дрим денеска остави цртеж со цвеќе направен на  камен  кој ќе стои на дното од реката.


камен на кој е нацртано цвеќе ќе го краси дното на Дрим

Г. Момироски