Техничкиот директор во Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниел во самоизолација се лекуваат од коронавирусот (Ковид -19). Паоло преку видео со огласи до јавноста заблагодорувајќи за поддршката и пораките за добро здравје. Тој најави победа на коронавирусот предвреме од оние задолжителни 14 денови во самоизолација.

Сакам да и се заблагодарам за пораките, поддршката и грижата за моето и здравјето на мојот син. Кај нас се е во ред. Вирусот ќе го победиме порано од предвидениот рок затоа што меѓусебно се поддржуваме и ги почитуваме сите совети од докторите. 

Приликата ќе ја искористам да ги поздравам докторите, медицински сестри, здравствените работници, полицијаците и сите други кои се грижат за нас во вондредната состојба. Гореспоменатите се големи професионалци со уште поголема доза на храброст. Не прави нас горди жители на Италија! – рече Малдини.

После позитивниот тест на татко и синот, цела екипа на Милан се пресели во карантин. За сега, не е регистриран нов случај во тимот на „росонерите“ што влева голема надеж за смирување на ситуацијата во Италија, која е најпогодена земја во Европа.

OhridNews

 

Паоло и Даниел Малдини заразени од коронавирусот, Милан се сели во карантин