По повод 3 декември, Меѓународниот ден на  хендикепираните лица, членовите на невладината организација „Порака Нова“ од Струга, во петок,  ќе ги претстават досегашните стекнати вештини и искуства.

Финалниот фестивал  на кој  ќе бидат изведени сите вештини и  активности, кои лицата со пречки во развојот ги стекнале во  овој рекретативен центар, се дел од проектот  „Дозволете да развиваме нови вештини “  финансиран од Европската Унија.

Финалниот фестивал ќе се одржи во конгресната сала на хотелот Дрим со почеток во 13 часот.

OhridNews