Порадите жестоките судири околу Изјум, голем дел од градот е уништен, велат градските власти, а новите сателитски снимки го откриваат обемот на уништување на градот во источна Украина.

Фотографиите, направени од Maxar Technologies во четвртокот, а објавени од Си-Ен-Ен, покажуваат огромен кратер широк околу 12 метри во централниот дел на градот.

Од едната страна од кратерот се гледа опожарено училиште, а од другата фудбалско игралиште. Уништен е и дел од болницата спроти улицата. Северно од училиштето, уништена е голема зграда на котлара, како и сите блиски станбени згради.

На околу 5 километри северозападно од Изјум, може да се забележи конвој од руска артилерија како се движи кон градот.

Заменикот на градскиот совет, Макс Стрелник за Си-Ен-Ен изјави дека градот е целосно уништен од нападите на руските воздухопловни сили и артилерија.

Руските војници сега ги контролираат градските сектори на северниот брег на реката што го дели Изјум на половина. Украинците ги контролираат урбаните сектори на јужниот брег на реката, рече Стрелник.

OhridNews