Откако испил три шишиња водка, русинот Алексеј Росков толку се изнервирал поради жената што скокнал од петти кат. Не му било ништо па се вратил во станот. Кога сопругата почнала да му вика дека полудел, скокнал уште еднаш од истиот прозорец. Кога стигнале брзата помош и полицијата не се сеќавал на првиот скок, а се сеќавал само на вториот. Иако во 15 минути два пати скокнал од 15 метри немал ниту една повреда.


Лекарите само му исчистиле неколку гребаници на таличниот љубител на водка, со што уште еднаш се потврди онаа народната дека  „Господ ги чува пијаните“. Алексеј сепак рекол дека повеќе нема да ја предизвикува судбината и дека нема никогаш повеќе да пие.