Центар за култура „Григор Прличев“

Од 13.10.2022 - 20:00 до 13.10.2022 - 22:00

Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, поради зголемениот интерес повторно на репертоарот на охридскиот театар на 13-ти (четврток) и 14-ти (петок) октомври со почеток во 20.00 часот.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од охридскиот театар.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид или да се резервираат на телефон 046/261-063.

OhridNews