Мал хотел на турскиот медитерански брег го отпуштил целиот машки персонал поради љубовни афери со гостинките во хотелот.
Менаџерката на хотелот Имиџ во Мармарис објавила дека нејзиниот хотел од сега ќе вработува само жени. Во тој хотел со 27 соби повеќето гости се од Британија и Русија.
„Секоја година имаме исти проблеми, а по последниот случај одлучивме во хотелот да вработиме само женски персонал“, изјавила менаџерката.
Капката што ја прелила чашата било однесувањето на еден келнер, „инаку многу пристоен човек“, како што рекла, кој во бањата е затекнат со туристка од Британија.