Околу триста патници од авионот на воздухопловната компанија „Thai Airways“ биле евакуирани во текот на изминатата ноќ на аеродромот Арленда крај шведската престолнина Стокхолм кој требало да лета за тајландското летувалиште Пукет, поради закана за поставена бомба во леталото, по што полицијата го блокирала аеродромот.
„Добивме информации за закана во однос на еден лет. Станува збор за телефонска закана, но повикот не беше упатен од нас. Ја сфативме оваа закана како сериозна“, изјавил портпаролот на стокхолмската полиција.
Авионот бил запрен веднаш по качувањето на сите патници и се оддалечил од излезот кон пистата за полетување. На патниците првично им било речено дека станува збор за техничка грешка. Авионот бил преместен на безбедно место на аеродромот и бил пребаруван од специјална полициска екипа за експлозиви. Според управата на аеродромот Арланда, сите други пристигнувања и заминување биле водени според распоредот.
OhridNews
извор Макфакс