Поради снежниот бран што го зафати Охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Многу локации кои се предвидени за подигнување на комуналниот отпад, се тешко пристапни за нашите специјални возила и оневозможено е нивното слободно движење. Од тие причини во овие неколку денови, подигнувањето на комуналниот нема да се реализира со интензитет и динамика која е предвидена согласно годишната програма за работа, велат од претпријатието.

Очекуваат разбирање од граѓаните и правните субјекти, а штом се стабилизира состојбата, посочуваат подигнувањето на комуналниот отпад ќе се реализира согласно пропишаната динамика.

OhridNews