Од охридскиот Завод за здравствена заштита информираат дека деновиве е забележан зголемен број на таканаречениот летен грип кој е проследен со гадење, повраќање и пролив. Потенцираат дека оваа појава е нормална во летниот период поради високите температури и лесното пренесување на вирусот од едно на друго лице и преку водата на езерото во која истовремено се случува да се капат и здрави и заболени лица.  При вакви случаи, лекарите потенцираат, заболените да не  земаат на своја рака антибиотици, туку да посетат матичен лекар и да користат поголеми количини течности и витамини. 

Како резултат  на консумирањето брза храна, односно храна која термички не е добро обработена и не се чувала во соодветни услови, забележан е и голем број инфекции и труења со салмонела.

Поради тоа, препораките на стручните лица се во летните денови, кога температурите се високи, да се избегнува брзата храна.

OhridNews