Државните инспектори за храна деновиве спроведуваат засилените контроли поврзани со безбедноста на храна поради зголемениот ризик од високите температури. Како што информираше Дирекцијата за храна во контролата на производство и промет со храна, во периодот од 21 јуни до 20 јули биле извршени над илјада инспекциски контроли, при што се откриени над 53 тони небезбедна храна.

Овие контроли резултирале со 428 решенија за отстранување на недостатоци, 119 решенија за забрана на вршење на дејноста и 26 прекршочни пријави.

Вкупно 173 лица биле отстранети од работното место поради неизвршен здравствен преглед, 131 лице е отстрането од работното место поради бацилоносителство, а 309 лица се упатени на курс по хигиена на храна и заштита на животната средина.

Во наведениот период значително биле зголемени и контролите при увоз и извоз на храна.

Заради заштита на потрошувачите и превенција на појава на масовни труења со храна, Дирекцијата за храна и во наредниот период продолжува со интензивни контроли за безбедноста на храна во производствените, трговските и угостителските објекти ширум земјата.

Ohridnews
извор: Makfaks