Општинскиот Кризен штаб за следење на состојбата со пожарите апелира до граѓаните на општина Охрид, заради превенција од пожари и предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот, да не палат стрништа, плевел и други отпадоци, односно да не се пали оган на отворено и да не се фрлаат догорчиња и отпушоци на отворен простор.
Предизвикувачите на пожари, заради предизвикување општа опасност ќе бидат казнети согласно Законот и ќе се бара да ја надоместат целокупната штета како и трошоците за гасење на пожарот, се вели во соопштението до јавноста.
СЕ АПЕЛИРА до граѓаните на општината Охрид до колку забележат појава на пожар, да се јавуваат на директниот телефонски број 193.
Во обид да се спречи појава на пожари во четврток ќе биде спроведена акција за превентивно чистење на тревнатите површини во стариот дел на градот. Исто така ќе се наводнуваат критичните места каде тревата и ниската шума се речиси целосно исушени и каде поради високите температури постои голема опасност од опожарување.
Г.М.