Три германски експресни возови биле евакуирани поради високите температури, откако во истите се расипал системот за разладување. Тие се расипале поради прегреаност, а седењето во вагоните станало неподносливо. Патниците биле евакуирани во градовите Хановер и Билефилд.
Локалните медиуми пренесле дека температурата во возовите ја преминала границата од 50 степени целзиусови. Неколку патници, стравувајќи од колапс, морале да легнат на подот од вагоните. Една жена пак, се обидела да го скрши прозорецот на возот за да влезе свеж воздух.