Од јавното претпријатие „Водовод“ Охрид информираат дека денес, во раните утрински часови е настанат дефект на водоводната линија во населбата Гоце Делчев на улицата „АРМ“, при што со намален притисок во водоснабдувањето се петнаесетина домаќинства во истата населба.

Врз водоводната линија каде што е настанат дефектот изградени се објекти со потпорни ѕидови со голема височина и габарит при што е оневозможена брза интервенција за пронаоѓање и отстранување на дефектот. Стручните екипи на „Водовод“ Охрид се на терен.

Во зависност од условите на терен и пристапот до цевката, освен денес, можно е овие домаќинства да имаат намален притисок во водоснабдувањето и во текот на вечерта и утрешниот ден, информираат од јавното претпријатие.

Од „Водовод“ Охрид додаваат дека и врз останатиот дел од водоводната линија во овој дел од населбата се изградени објекти и потпорни ѕидови со голема височина (до 4м) и габарит, а поради специфичноста на теренот доаѓа до чести дефекти на истата при што е оневозможена интервенција од стручните служби. Поради тоа од јавното претпријатие предлагаат да се изврши дислокација на водоводната линија како би се добило квалитетно и редовно водоснабдување на населбата, односно лесно одржување на самата линија.

Прекин во водоснабдувањето во делови од градот

Поради дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот има неколку часовен прекин во водоснабдувањето на следните улици: „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“, „1ва Македонска Ударна Бригада“ (на делот од Стобекс кон Рамне), дел од „Сирма Војвода“ и дел од „АРМ“.

Екипи на Водовод работат на отстранување на дефектот.

OhridNews