Леонардо ДиКаприо (34) кој од 2005 година е во врска со израелскиот топ модел Бар Рефаели (23) неодамна со своите изјави дека е подготвен да основа семејство покрена нагаѓања за венчавка.
Меѓутоа, Лео би можел да се најде пред голем проблем по прашањето за верата, бидејќи таткото на неговата девојка, на ќерка си и забранил да се венча со некој кој не е Евреин.
„Верувам во брак. Сакам да се оженам и да имам деца. Досега се сомневав во тоа, но пораснав. Подготвен сум да основам семејство“, вели Леонардо.
Според зборовите на Арон Браунштајн, таткото на Бар е одлучен во својата намера и ќе се согласи на венчавка единствено ако Лео се сврти кон јудеизмот.
Дали Лео ќе мора исто како и актерката Исла Фишер, девојката на комичарот Саша Барон Кохен (познат како Борат), да се преобрази, ќе покаже времето.