Улицата „Цар Самоил“ во центарот на Охрид во деновите од 9-ти до 11-ти април (од среда до сабота) ќе биде затворена за сообраќај поради уредување, соопшти локaлната самоуправа. Во наведениот период на улицата ќе се врши санирање и фугирање на камената коцка и подигање на шахтите на потребната висина на коловозот, а за да се обезбеди непречено, континуирано и квалитетно извршување на работите, таа ќе биде затворена за сообраќај.
Поради реконструкција ул. „Цар Самоил“ ќе биде затворена за сообраќај
Надлежните служби во Локалната самоуправа апелираат до граѓаните, особено до жителите од оваа и околните улици, да ја имаат предвид неодложната потреба од изведување на спомнатите градежни работи, да ја почитуваат макисмално најавената забрана за сообраќај и да покажат разбирање, а не да инсистираат по секоја цена на тоа дека „мора“ да паркираат или возат вдолж таа улица. Она што ќе се работи на спомнатата улица е за доброто на сите, но првенствено за жителите од ул. „Цар Самоил“, велат од локалната самоуправа.
ohridnews