Селекторот на Италија, Чезаре Прандели поради недисциплина го отстрани Даниеле де Роси од репрезентацијата за пријателскиот натпревар со Франција. Фудбалерот за врска, Де Роси на мечот со Лацио без топка намерно го удри Маури, судијата го забележа тоа и му покажа директен црвен картон.

Градското дерби им припадна на “лацијалите“ кои триумфираа со 3-2. За непромислениот потег Даниеле де Роси можи да се соочи со драстична суспензија.

Мх.П.