Во наредните три дена, поради најавените високи температури и топлотниот бран од жолта фаза кој ја зафати Македонија, наставата во основните и средните училишта низ земјава ќе се одвива со скратена настава, односно таа ќе трае до 12 часот.

Министерот за образование Панче Кралев ја донесе одлуката по препорака на министерот за здравство, Никола Тодоров.

Доколку темпрературите не се намалат одлуката за скратена настава ќе биде продолжена.

OhridNews