Големата фонтана која е лоцирана на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот веќе неколку дена нема вода. Од ЈП „Проаква“ од Охрид велат дека причината поради која фонтаната не работи е технички проблем на пумпата за вода.

-Пумпата за вода има проблем со машинскиот погон, но во најбрзо време ќе се изврши санација и поправка на истата, по што фонтаната ќе биде ставена во функција. Во меѓувреме нашите екипи, како и секоја година ќе извршат и дезинфекција на внатрешниот дел на фонтаната, велат надлежните во претпријатието.

Инаку деновиве од страна на непознати сторители искршена е една странична гранитна плоча од фонтаната, која исто така ќе треба да биде санирана.

OhridNews