Бреона Синклер Воткинс била сопрена од полициска патрола поради расипани светла на автомобилот. Но наместо веднаш да сопре, Бреона се возела уште неколку минути. На полицајците им дала лажно име, но набрзо им признала дека станува збор за лажно име бидејќи нема возачка дозвола. Еден од полицајците ја одвел во својот автомобил како би напишал записник, а другиот осанал надвор и слушнал детски плач.
Сватил дела плачот доаѓа од гепекот. Го отворил и во него го пронашол детето на Бреона. Кога забележала дека полицијата сака да ја сопре, Бреона на својот 15-годишен сопатник плашејќи се од казна бидејќи немала дестско седиште, му рекла да ги спушти задните седишта и да го стави детето во гепекот. Детето лежело на големи ножици за жива ограда и други опасни предмети.