Американката Елизабет Смит од Јужна Каролина добила отштета од еден милион евра со одлука на поротата откако ја тужела клиниката „Секстон Дентал“ во која останала без 16 заби. Пред три години отишла да поправи еден расипан заб.
Стоматологот и предложил да и извадат два заби кои исто така биле расипани. По грешка и извадиле 16. Тогаш се обиделе да ја сокријат грешката со фалсификување на медицинскиот картон. Американката по пресудата ќе оди на операција за да си стави нови заби.