Илјадници мексикански трговци соопштиле дека изгубиле повеќе од 24 милиони долари, бидејќи продавниците им се затворени во историскиот центар на Мексико, каде се снима новиот филм за Џејмс Бонд. Продавниците се затворени веќе 15 дена, откако почна снимањето на филмот “Spectre”, кое би требало да биде завшрено денес. Во соопштението на локалната стопанска комора се наведува дека затворањето на улиците и продавниците директно или индиректно погодило повеќе од 6627 продавници, кои изгубиле 24,6 милиони долари.
Продавниците каки компензација за затворањето добиле помеѓу 100 и 130 долари дневно, но трговците се жалат дека тоа не е доволно. Премиерата на филмот за тајниот агент е закажана за 6 ноември оваа година. Филмот го режира британецот Сем Мендес, а главните улоги покрај Даниел Крег ги толкуваат Моника Белучи и Леа Сејду.