Поради снимање на дел од филм, во недела, 30 август, од 7 часот наутро до 18 часот, плажата Лабино ќе биде затворена за посетители, информирмира продукцијата „ДНФ ФИЛМС“.

Продукцијата „ДНФ ФИЛМС“ работи на филмот “Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова, а снимањето деновиве се одвива на локации во Охрид и неговата околина.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

OhridNews