Согласно одлуката на Владата за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ 15.3.2020 година, недела, со цел да ги поддржи напорите на државата за спречување на ширење на корона вирусот.
Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.
ТАВ Македонија
Тав Македонија ги упатува сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании за информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:
Виена – 7 часот и 50 минути -Визер
Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс
Малме – 17 часот и 35 минути – Визер
Базел – 18 часот и 30 минути – Визер.
OhridNews